Заев: Чулев направи толку големи грешки што побарав од него да си поднесе оставка

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето во ТВ21 изјави дека побарал од техничкиот министер за внатрешни работи да си поднесе оставка поради грешките кои ги направил.

-Има грешки Чулев. Грешките се толку големи за јас да побарам од еден технички министер за внатрешни работи да си поднесе оставка. Побарав зашто сум резигниран, како што се резигринирани и граѓаните, рече Заев во интервјуто.

Сепак, признава дека и институциите направиле грешки, но и граѓаните не се одговорни.

-Секако има грешки и кај граѓаните. Значи, грешки има и кај институциите и кај нашиот народ. Затоа се вакви бројките. Колку пвоеќе бидеме одговорни и како институции и како граѓани толку бројот и на заразени и на починати во државата ќе биде помал, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега