Заедничка почит: Мицкоски и Орбан положија цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Охрид


Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.

-Со мојот пријател Виктор Орбан, одадовме почит и положивме свежо цвеќе на еден од најмаркантните споменици за Охрид, Македонија и словенскиот свет, светите браќа Кирил и Методиј!, напиша Мицкоски.

27.09.2024 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега