Забрана за движење на возила на патот Берово - Беровско Езеро

Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово - Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег, соопшти АМСМ. Од 08.45 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на магистрален пат А3 Делчево - граничен премин Делчево.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка задолжителна е употребата на зимска опрема (синџири), поради снежни врнежи и силен ветер кој прави намети, информираат од ЈП „Македонија пат“.

16.12.2023 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега