Полицајци влегле во кафана - гостите ги нападнале

 

Синоќа во 03.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.Т.(31) и К.М.(33), двајцата од Кавадарци, затоа што во угостителски објект во Кавадарци физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени задачи. Ј.Т. и К.М. се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. На 15.02.2025 во 05.10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и З.П.(36) од Кавадарци, затоа што кога вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на лицето Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед, кога стигнале во болницата, З.П. ги спречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Исто така и З.П. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

15.02.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега