За погребот на кралицата Елизабета британската Влада потрошила над 200 милиони долари

 

Британската Влада потрошила над 204 милиони американски долари, за државниот погреб на кралицата Елизабета.

Најголем дел од парите, доби МВР, надлежно за одржување на редот и националната безбедност.

По смртта на кралицата, која што почина на 8 септември земјата прогласи 10 дневна жалост, која заврши вклучно со погребот на 19 септември.

„Приоритет на Владата беше настаните поврзани со погребот да се одвиваат непречено и со соодветно достоинство, а во исто време безбедноста на граѓаните да биде загарантирана во секое време“, вели министерот за финансии Џон Глен во писмото до парламентот.

Полицијата на Лондон низ улиците за време на погребот, распределила досега најголем број сллужбени лица, соопштувајќи дека станува збор за нивната најголема безбедносна операција во историјата.

18.05.2023 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега