За месец ипол 18% поевтина нафта на светските берзи - во Македонија цените паднаа за помалку од 5%
Цените на нафтата на светските берзи паднаа минатата недела, шести пат по ред, бидејќи трговците стравуваат дека варијантата омикрон на коронавирусот може да предизвика повторно затворање на економиите, а со тоа да дојде и до пад на побарувачката на нафта.
Цената на барелот на лондонската берза минатата недела падна за речиси четири отсто, на 69,88 долари, додека на американската барелот падна за 2,8 отсто, односно на 66,26 долари.
Ова е шеста недела по ред како цените паѓаат, што не е забележано од ноември 2018 година. Откако кон крајот на октомври достигна највисоки нивоа во последните три години, цената на нафтата се спушти за околу 18 отсто.
Интересно е што во Македонија малопродажните цени не го следат тој тренд. За овие 6 недели, малопродажната цена на горивата во земјава се намалила за 2 денари кај бензините и за 1 денар кај дизелот или за под 5% кај бензините и за околу 3% кај дизелот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа