За една недела нафтата поскапе за 20% на берза - каква цена ќе имаме од понеделник во Македонија?
Цената на суровата нафта на светските берзи по вчерашниот пик од 119 долари за барел во еден дел од тргувањето денеска таа е стабилизирана на нешто под 113 долари. Пресметките покажуваат дека во однос на петок минатата недела еден барел нафта е поскап за околу 18 долари или нешто над 19%. Во вакви услови извесно е дека во понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати. Во меѓувреме опозицијата побара Владата да се откаже од половина од акцизата на нафтените деривати со што според нив веднаш цената на бензинот би се намалила за 13 а на дизелот за 9,5 денари. Ваквиот предлог Министерот за економија Крешник Бектеши вчера во тема на денот на Сител одби директно да одговори дали за Владата е прифатлив овој предлог на опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа