За два дена повик за домашни компании кои би биле набавувачи и би инвестирале во ТИРЗ
За два дена ќе биде објавен повик со кој на селектиран број домашни компании ќе им се овозможи да изготват проекти и планови за инвестирање во слободните зони, најави денеска директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.
Повикот, како што информира Деспотовски, се однесува на средни и големи фирми, а целта е да бидат дел од синџирот на набавки, но и да можат да инвестираат.
-Во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за два дена од денеска ќе објавиме јавен повик со кој на селектиран број домашни компании, средни и големи, ќе им понудиме можност да си изготват инвестициски проекти и планови со кои понатаму би дошле во ранг на зоните и би реализирале свои инвестициски проекти тука. Не само што не се откажуваме од оваа намера, туку ги засилуваме напорите и ќе успееме, истакна Деспотовски на предновогодишниот брифинг со новинарите на кој ги сумираше резултатите од сработеното во изминатите 12 месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа