За 8,7% зголемен бројот на туристи годинава

 

Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2  отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.

Во првите седум месеци од годинава, пак, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 процент во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 2,7  проценти, а кај странските има зголемување за 9,7 отсто.

12.09.2024 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега