Вулканот Етна еруптираше на Сицилија, затворен е аеродромот во Катанија

 

Вулканот Етна еруптираше на Сицилија, a италијанските власти објавија дека вулканот влегол во фаза на „предупредување“.

Поради еруптивната активност на Етна затворен е аеродромот во Катанија, вториот по големина град на Сицилија. Аеродромот е затворен до 20 часот, иако првата одлука беше да се прекинат сите полетувања и слетувања до 13 часот.

Според италијанската агенција, патниците утринава пријавиле дека веб-страницата на аеродромот не работи правилно и дека не ги дава потребните информации за откажување и доцнење на летовите, пренесува N1.

Денешното привремено затворање следи по продолжениот прекин на аеродромот по пожарот на терминалот за пристигнување во јули, што влијаеше на патувањето за време на шпицот на летната сезона.

Градскиот совет на Катанија го забрани движењето на сите возила на две тркала на територијата на општината, а ја ограничи брзината на моторните возила на 30 километри на час поради присуството на вулканска пепел на патиштата.

Во тек е чистење на патиштата, соопшти агенцијата АНСА.

Би-Би-Си потсетува дека Етна често еруптира, но дека нејзината активност ретко доведува до значителна штета.

14.08.2023 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега