Вучиќ го обвини Курти за прогон на Србите

 

Синоќа, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, српскиот претседател Александар Вучиќ апелираше до советот како и до меѓународните организации, за нивно вклучување во решавање на кризата на Косово но и изнаоѓање начин за воспоставување на дијалог.

Вучиќ рече дека Приштина намерно создала неподносливи услови за животот на Србите, како и дека вршат широки и систематски напади врз српското цивилно население.

Со одлуката да се забрани плаќањето на динарот, Приштина директно го спречува функционирањето на сите социјални, здравствени, образовни, културни и други институции кои им овозможуваат на Србите да си ги обезбедат себеси и на своите семејства основните животни потреби, да се школуваат, да се лекуваат, да купуваат лекови и да прават се она што денес се смета за нормален живот со минимум човечко достоинство“ -  рече Вучиќ и додаде да тие институции претставуваат основа за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).

Истовремено, тој го повика Советот за безбедност да не го изгуби од вид фактот дека Србија испратила барање до КФОР, согласно резолуцијата 1244 и воено-техничкиот договор од Куманово, да се овозможи враќање на договорен број српски безбедносен персонал, кој ќе им помогне на меѓународните сили во заштитата на српското население.

Иако тоа е меѓународно правен документ и јасно наметнува обврска на командантот на КФОР да овозможи такво враќање, тоа не се случи  - додаде Вучиќ

09.02.2024 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега