Вучиќ: Албанците да не се служат со насилство, ако продолжат со пукање кон нашите луѓе ќе немаме многу избор

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за време на разговор со Србите во Рашка во еден момент замолил за 15-20 минути внимание и да не го прекинуваат ниту со аплаузи ниту со свиркања.

„Се поставува прашањето што ќе направиме. Што и да ве замолам, знам дека нема да ме послушате. Имав доволно храброст да го одбијат влегувањето на Косово во ОН. Денес се плашам дека во Приштина имаме некој кој е ирационален, а имаме и некои злонамерни во меѓународната заедница, секако, не се сите, но тие сакаат да не повлечат во конфликт. Сакам да го зачуваме мирот. Реков дека нема да дозволам убивање на нашиот народ и затоа веднаш дојдов овде. Ја разбирам вашата одлука, иако сакав да реагирате рационално, не сум глуп да не видам дека е тоа ваш договор. Секако тука се и емоциите. Што и да се случи Србија ќе биде со вас. Тоа не го кажувам како проформа. Оние кои ме познаваат знаат што значи тоа“, кажа Вучиќ.

„Само бидете трпеливи, тие нема да го почитуваат договорот. Ако почнат со насилство, вие заштитете го својот народ, ние ќе бидеме со вас“, додал Вучиќ.

„Само имајте в предвид колкава е цената која сите ќе мораме да ја платиме. Ако продолжат со пукање кон нашите луѓе тогаш навистина нема да имаме избор.

Мојата порака и до нив и до вас е дека ова не е Србија како таа од 1999, 2004, 2008 и 2011. Го молам НАТО да ја направи својата работа. Ги молам Албанците да не се обидуваат со насилство, ако повторно го направат тоа, ќе мораме да ги штитиме нашите деца во Косово“, кажа српскиот претседател.

13.10.2021 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега