Врховниот суд утврди Начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

 

Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија  утврди Начелен став за директна примена на Уставот и на Европската конвенција за заштита на човековите права.

Начелниот став е во врска со изјавените жалби против одлуки на Судскиот совет на Република Северна Македонија и се однесува на директната примена на одредбите од Уставот и на Европската конвенција кои го гарантираат правото на жалба, судска заштита и ефикасен правен лек.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, истакна дека прашањето за директната примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права преставувa голем предизвик за Врховниот суд.

„Утврдувањето на начелниот став има големо, може да се каже и историско значење за правосудството, за судскиот систем и за човековите права. Кон Начелниот став не треба да се гледа како кон став кој се однесува на индивидуален случај, туку како кон став кој има пошироко општествено и правно значење бидејќи со него се создава судска практика од аспект на примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права“, нагласи Адеми.

Покрај утврдувањето на Начелниот став, Врховниот суд до Уставниот суд ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста на одредби од Законот за Судскиот совет и воедно ќе иницира законски измени до Министерството за правда.

23.02.2023 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега