Врховниот суд донесе пресуда по предметот „Титаник“

 

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 24.1.2024 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК-7/18 од 28.2.2022 година и пресудата на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ-53/22 од 18.5.2023 година, поднесени од осудените М. J. и К. М., ги одби како неосновани.

 
26.01.2024 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега