Врховен одлучи: Татко и на Вања останува зад решетки

 

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Републикаа Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“ - се вели во информацијата објавенана веб страната на Врховниот суд. 

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.“ - инфомираат од Врховен.

Со тоа, Александар Ѓорчевски и натаму останува во притвор од каде што ќе го чека судењето за убиството на неговата ќерка и уште едно лице.

13.03.2024 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега