Времето денеска: Сончево, со услови за појава на дожд и грмежи

 

 

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 36 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во попладневните часови ќе има локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови.

25.08.2023 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега