Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност

 

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во наредните денови, како што информираа од УХМР, продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.

13.08.2023 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега