Времето денеска сончево и многу топло со температури до 41 степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе биде 8. 

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

УХМР информира дека до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура на места и над 40 степени поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од денеска во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме.

За време на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

14.08.2024 - 08:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега