Времето денеска: Сончево и многу топло, од среда дожд и грмежи

 

 

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени.

Во текот на работнава седмица ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од среда во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота.

22.08.2023 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега