ВРЕДИ: Албанската академија е исклучиво научен проект

 

Албанската академија е исклучиво научен проект, кој има за цел да ја унапреди академската мисла. Бидејќи Албанските интелектуалци систематски се дискриминирани во МАНУ, тие немаат простор каде да делуваат. Поради тоа, ние бевме принудени да создаваме платформа која ќе овозможи развој на научната мисла, велат од коалицијата ВРЕДИ.

„Додека МАНУ покажува инертност за реформи и одбива да ја прифати сегашната фактичка состојба, албанските интелектуалци се принудени да создадат платформа која нема да работи според политички или етнички критериуми, туку само врз основа на науката.

Во 21 век, неприфатливо е да има противење на научните трудови и на унапредувањето на знаењето.

Апелираме до сите политички партии наместо да критикуваат, да се охрабрат и да дадат поддршка за оваа иницијатива, за преку инклузивна дебата да се најде правично решение за претставувањето на Албанците во највисоките академски кругови.


 

Како ВЛЕН, не можеме да ја прифатиме логиката на двојна негација, каде што МАНУ не ги отвора целосно вратите за Албанците, а истовремено се проблематизира основање на Албанската академија“, велат од ВРЕДИ.

16.10.2024 - 19:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега