Вработените во Министерството за култура утре ќе протестираат поради доцнење на платите


Синдикатот на вработените во Министерството за култура соопшти дека утре ќе одржи протест поради доцнењето на платите.

„Ве известуваме дека утре, 19 април со почеток во 13 часот, пред Министерството за култура ќе одржиме протест поради доцнењето на платите во културата, поради понижувачкиот однос кон културните работници со неразбирливи обиди да се скрати нивното право за усогласување на платите со постоечките колективни договори, поради крајно понижувачкиот однос на државата кон сопствените културни институции и сопствената култура“, информираа од Синдикатот на кулутура на Република Македонија, СКРМ.

 

18.04.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега