Вработените во Министерството за финансии со најава за генерален штрајк: Зголемувањето на платите им следува на сите

 

 

Како Синдикат на вработените во Министерството за финансии изрзуваме големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на нашите плати, истакнуваат од Синдикатот на вработени во Министерството за финансии.

Пред извесен временски период, како што појаснуваат, се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%.

„Министерот за финансии, Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени. Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените. Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството“, оценуваат од таму.

Одредбата од чл.66 во Законот, како што додаваат, е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.

„Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови“, се потенцира во пишаната информација од страна на Синдикатот на вработените во Министерството за финансии.

28.02.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега