Вработените од Министерството за култура и денеска на протест

 

Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска шести ден ќе одржат протест барајќи средба со надлежните и зголемување на платите.

Учесниците на протестот, кој денеска ќе се одржи пред Владата, бараат и средба со министерот за финансии Фатмир Бесими. Тие апелираат министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти.

На протестот од неодамна се придружија и претставници на Синдикатот на културни работници (СКРМ), кои изразија поддршка, а вработените од Министерството за култура очекуваат да им се придружат и нивни колеги од другите министерства.

31.03.2023 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега