(Вознемирувачко видео) Најмалку 16 загинати во руски напад на пазар во Украина, снимен моментот на бомбардирањето

 

Најмалку 16 лица загинаа во руското бомбардирање на пазар во Костијантинивка, град на истокот на Украина, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесуваат светските агенции.

„Руската терористичка артилерија уби 16 луѓе во градот Костијантинивка, во областа Доњецк“, напиша Зеленски, додавајќи дека биле погодени пазар, продавница и аптека.

„За жал, бројот на загинати и повредени може да се зголеми“, рече тој.

Костјантинивка е во близина на линијата на фронтот.

„Ова руско зло мора да се победи што е можно поскоро“, додаде Зеленски.

Властите во Москва се уште не го коментирале нападот.

Во нападот се повредени најмалку 31 лице. Уништени се 20-тина дуќани, а оштетена е и една станбена зграда. Целосно изгореле неколку автомобили.

Акцијата за спасување продолжува, повеќе луѓе се заробени под урнатините.

06.09.2023 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега