Возачот на Палчо излегува од притвор - обвинителството нема основ да го држи затворен
Укинат му е притворот на Стефан Димовски кој е осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо. Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.
По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола, информираат од Кривичниот суд..
Неофицијално, предлогот за укинување на притворот е на обвинителството, бидејќи за кривичното дело помагање, законот не дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа