Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

 

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од примероците на физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во град Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираат дека во периодот од 19.09.2022 до 23.09.2022 Секторот за санитарна контрола земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа.

Оттаму посочуваат дека согласно добиените резултати, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

26.09.2022 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега