Во тек инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија

 

Во тек инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија, соопшти Министерството за здравство.

„Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на УК за гинекологија, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба“, стои во соопштението испратено од министерството.

Оттаму додаваат дека по изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана.

04.07.2023 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега