Во Скопје од утре прскање од земја против комарци

На подрачјето на град Скопје од утре до петок (30 август), во периодот од 21 часот до 02 часот наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, информира прес-служата на Град Скопје.

25.08.2024 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега