Во првото тримесечје БДП во минус
Стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава е -1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Раст е забележан во секторот градежништво за 1,7 проценти, дејности во врска со недвижен имот за 0,5 проценти и во секторот земјоделство, шумарство и водостопанство за 0,3 проценти.
Државниот завод за статистика информира дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално порастала за 1,8 проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 65,5 проценти.
Извозот на стоки и услуги номинално е зголемен за 18,3 проценти, а увозот за 11,2 проценти.
Бруто инвестициите бележат опаѓање во делот на промената на залихите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа