Во понеделеник ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека во понеделник (24.10.2022 година), поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
„Исто така ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено. Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров“, се вели во соопштението.
Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 - 17.30 часот е последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надоле, информира ЈСП Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа