Во Полска се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна

 

Во Полска  се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Вилун, централна Полска, на 84-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна, и порача на Германија дека нејзиното извинување за злосторствата и уништувањето не е доволно, туку дека мора да плати воени репарации за да можат двете земји да функционираат нормално.

„Полска и Германија денес се партнери во Европската унија, но за да можат да функционираат во иднина мора да го затворат тоа поглавје од Втората светска војна. Не е доволно „паметиме“. Треба да ги обесштетиме жртвите. Ние не бараме само сеќавање и вистина, туку сатисфакција во вид на репарации за да можеме да го затвориме тоа поглавје од историјата“, рече  Моравјецки.

Централното одбележување на 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна почна во 4:45 часот во Вилун, првиот полски град што беше бомбардиран, и на полуостровот Вестерплате кај Гдањск, каде што беа испукани првите салви од германскиот воен брод Шлезвиг-Холштајн врз полскиот гарнизон на тој полуостров на Балтикот на 1 септември 1939 година со што формално почна Втората светска војна.

01.09.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега