Во општина Арачиново пријавиле кражба на фискални сметки за угостителски услуги на градоначалничката па таа не вратила над 3 илјади евра

 

Ревизорите од ДЗР откриваат дека одговорното лице во општина Арачиново во 2021-ва година не вратила 200 илјади денари (околу 3.300 евра) аванс добиен од општинскиот буџет за репрезентација и за угостителски услуги поради бизарна причина, пренесе Телма.

Општината пријавила кражба на фискални сметки и поради таква кражба општинскиот Совет одлучил да го отпише долгот на одговорното лице. Во првите десет месеци од 2021-ва градоначалничка на општината беше Миликије Халими, а во ноември и декември беше новоизбраниот градоначалник Ридван Ибраими.

Ревизорите не прецизираат за кој период точно се однесува авансот кој е избришан од сметката на општината поради кражба на фискални сметки. Крадецот се води како непознат сторител.

-Во текот на 2021 година извршен е отпис на побарувања по основ на дадени аванси врз основа на донесена Одлука за отпис на долг по основ на аванс земен од страна на одговорното лице во износ од 200 илјади денари од страна на Советот на Општина Арачиново, како последица од извршена кражба во просториите на општината од страна на непознат сторител, на фискални сметки за извршени угостителски услуги и репрезентација, стои во извештајот на ДЗР за општина Арачиново.

13.04.2023 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега