Во експлозија на гас во ресторан во Кина загинаа 31 лице

 

Во голема експлозија на гас во ресторан во регионот Нингсија во северозападниот дел на Кина вчеравечер загинаа 31 лице, а седум беа повредени, соопштија кинеските власти.

Несреќата се случила во главниот град на провинцијата Нингсија, Јунчаун во резервоар за течен гас сместен во приземјето на ресторанот. Пожарот експресно се проширил и на првиот кат од зградата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил целосна истрага за инцидентот, а Министерството за вонредни состојби објави дека пребарувањето на лицата и спасувачката акција во ресторанот завршила во утринските часови, а сега истражителите треба да ја утврдат причината за експлозијата.

 
22.06.2023 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега