Во еден ден се менуваат 4 годишни времиња - Наутро кочан, ова се температурите
Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а максимален еден степен е измерен во Виница. Како што информира УХМР, -5 степени е во Битола, -4 во Маврови Анови, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -2 во Претор, Штип и Гевгелија, -1 во Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Попова Шапка, како и 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово и Крушево.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 23 сантиметри.
Според УХМР, преку денот ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 14 до 19 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб северен ветер и температура до 18 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа