Во бродолом во Италија загинаа 41 мигрант
Најмалку 41 мигрант загина кога мал брод, кој испловил од Сфакс, Тунис, се превртел и потонал додека пловел во Сицилиската Теснина.
Трагедијата ја преживеале тројца мажи и една жена, кои биле спасени од бродот „Римона“, кој утрово ги префрлил на патролниот брод CP327 на крајбрежната стража, пренесе „Анса“.
Четворицата, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, слетаа на Лампедуза.
Тие ѝ кажале на крајбрежната стража дека 45 од нив го напуштиле Сфакс, вклучително и три деца, во четвртокот во 10 часот.
По речиси шест часа пловење, металниот брод долг седум метри се превртел поради големи бранови.
Според преживеаните, сите мигранти завршиле во морето. Само 15 имале елеци за спасување, но сепак се удавиле.
Ниту товарниот брод „Римона“, кој ги спаси, ниту патролните чамци на крајбрежната стража не ги виделе телата на жртвите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа