Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

 

Најстудено утрово е во Берово со измерени - 9 и во Маврови Анови и во Штип со - 7 степени. Во Скопје кај Петровец, во Крива Паланка, во Битола, во Демир Капија и на Попова Шапка се измерени - 6 степени. 

Како што информира УХМР, во Тетово, Претор, Прилеп и Крушево утрово се измерени - 5, во Охрид, Виница, Струмица -4, во Скопје, кај Зајчев Рид -3, во Куманово - 1 и нула степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово изнесувала 45 сантиметри во Попова Шапка, 16 во Маврови Анови, два во Крушево и еден сантиметар во Ѓуриште. 

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала локална облачност, зголемена облачност има во североисточните делови, а во Демир Капија има појава на слаба магла.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени. 

14.02.2023 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега