Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер, вели Столтенберг
„Не многу војници на руските платенички сили Вагнер се преместени во Белорусија“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија“, истакна Јенс Столтенберг, говорејќи во Брисел.
„Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија“, додаде тој.
„НАТО, исто така, регистрира дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин малку се движел наоколу“, вели Јенс Столтенберг, без да даде дополнителни детали.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претходно денес изјави дека Евгениј Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа