Внимавајте: Лажна страница на Пошта „лови“ на Фејсбук

Се работи за измамничка кампања, која го користи логото на Пошта. Лажната веб страна испраќа електронски пораки до граѓаните со кои нудат пакети со различни производи за само 123 денари.

Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Северна Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден. Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница“ наведуваат на својата веб страна.

Исто така потсетуваат дека официјално известување за достава на пратките на граѓаните, понудите или нивните услуги, единствено може да се видат на нивната официјална веб страна www.posta.com.mk.

24.01.2024 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега