ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС се плаши да излезат од сенката на ДУИ?

Зошто е толку тешко СДС да каже дека го осудува планот на ДУИ за дестабилизација?, прашуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога ќе се охрабри Венко Филипче и ќе ги осуди ДУИ? Или се надева дека тие ќе креваат протести кога ќе треба да одговараат и тој и неговите корумпирану функционери?

Дали СДС е до толку безидејна? Што се плашат да излезат од сенкта на ДУИ?

Како беше осуетен планот на ДУИ од страна на претседателот Мицкоски и се излезе на површина, така ниту ДУИ, ниту СДС знаат што да прават“, велат во партиската реакција на владејачката партија. 

11.08.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега