ВМРО–ДПМНЕ: Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер

Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓудругото и за летови до Ниш.

Ваквата искористеност на владиниот авион сега допринесе за сервис кој чини 1 милион евра кој ќе биде платен од буџетот на граѓаните, се вели во партиската реакција на ВМРО – ДПМНЕ, по повод обвинувањата на СДСМ дека Мицкоски и министрите во Вашинктон за лет во бизнис класата потрошиле 20. илјади евра.

– Воедно да не заборавиме дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер. СДС повторно покажува дека нема никаква визија или идеја за иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат да ја прикријат нивната неспособност и корупција. Заради ваквиот однос на СДС како овој оваа партија доживеа историски пораз и забрзано тоне кон целосна нерелантност, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

21.07.2024 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега