МВР: Веднаш го уапсивме лицето кое се обиде да силува девојка на сред улица во Кисела Вода

МВР информираше дека за само неколку часа го привела осомничениот кој вчера вечерта се обиде да силува девојка на среде улица во скопска Кисела Вода

„Единицата за насилен  криминал-Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело „полов  напад и силување “ предвидено и казниво по член 186 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ против С.Г. (31) од Скопје затоа што на 05.09.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 - годишна жена од Скопје. С.Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.“ - се вели во соопштението на МВР

Претходно и Обвинителството објави дека против истото лице веќе води постапка за обид за силување и дека на нивно барање, судот веќе му одредил мерка притвор во траење од 30 дена

06.09.2024 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега