Се огласи најстариот син на осомничениот за атентатот на Трамп - прочитајте што изјавил


Синот на Рајан Весли Раут, осомничен за обидот за атентат врз Доналд Трамп, даде изјава за Си-Ен-Ен откако неговиот татко беше уапсен на Флорида.

Најстариот син на осомничениот, Оран, го опишал неговиот татко како „полн со љубов, чесен и вреден човек“.

„Не знам што се случи на Флорида и се надевам дека работите се само претерани, бидејќи според она што го слушнав, не звучи како човек што го познавам; дека би направил нешто лудо, а камоли насилно“, вели Оран.

Весли Раут е уапсен, а според ФБИ, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида.

„Вашингтон пост“ објави дека Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот.

Медиумите потстеуваат дека ова е втор обид за атентат врз Трамп за 64 дена.

Поранешниот американски претседател беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

16.09.2024 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега