ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се кластерот кој преку поткупот го причини новиот бран што трае од крајот на мај

Бројот на заразени граѓани од Ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата.

„Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа.

Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето.

Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата.

СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски.

 

Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега