ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема економски план - 40.000 невработени, 1 милијарда задолжување, поскапа струја и пропадната банка од 200 милиони евра

Фатмир Битиќи наместо да држи празни прес конференции да каже што СДСМ направи за да ја спречи катаклизмата во стопанството. 40.000 невработени, 1 милијарда долг, пропадната банка од 200 милиони евра и поскапа струја е епилогот од СДСМ во последните 6 месеци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите пари кои ги позајмија ги потрошија на поткуп за избори, но и за нивните сопствени фирми, а за спасување на работни места немаше ниту денар, затоа имаме 40.000 невработени. 

Наместо народот пари од државата како антикризни мерки добија фирмите на Нина Ангеловска и Заеви, а народот остана без пари.

СДСМ буквално си ги искористи институциите за сопствен интерес.

Грабежот врз народот за сопствен џеб продолжува затоа и ја поскапуваат струјата за да имаат за тендери на нивните финансиери и блиски фирми. За камиони со струмички таблици да вртат во РЕК, и струмичка агенција за обезбедување да испумпува милиони од универзалниот снабдувач.

За бизнисот да тече во РКЕ се партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев, кои во името на Заев ја поскапуваат струјата и овозможуваат бизнис интересите да се одвиваат непречено.

Македонија буквално страда со оваа мафија на власт.

 

Мафијата, криминалот и владата во Македонија се едно исто, затоа мора да паднат“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега