ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е амбасадор на бугарските пари и интереси

 

Структури на СДС поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има за цел негирање се што е македонско. Или едноставно, амбасадорот на бугарските интереси и пари во Македонија е СДС, и Венко Филипче, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно е дека на официјална Софија и смета се што застанува во заштита на македонските вредности и државните интереси во Македонија.

Јасно е зошто се нападите врз ВМРО-ДПМНЕ, и пред се, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, бидејќи тој е предводник на политиката за заштита на интересите на Македонија и секој еден граѓанин. 

Но, тешко е да се поверува што структури од опозициската СДС поддржуваат ваква антимакедонска пропаганда од Бугарија.

Воедно срамно е однесувањето на овие структури од СДС кои ги поддржуваат ваквите активности од Бугарија, а притоа имаат една и единствена цел заштита на лични бизнис интереси.

Бугарите со пропагандата имаат јасна цел и за истата во игра се многу пари, но срамно е однесувањето на структурите во СДС предводени од Венко Филипче што се вклучуваат во ова.

Јасно укажуваме, секој еден граѓанин ги има прочитано внатрешните структури кои се вклучуваат во ваква антимакедонска пропаганда. Секој еден граѓанин знае кој се грижи за нивниот интерес и интересите на Македонија. СДС очигледно нема намера да се вклучи во заштита на интересите на Македонија, туку ги распродава истите, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

21.07.2025 - 10:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега