ВМРО-ДПМНЕ: Правдата доаѓа

 


На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По нивните клевети за Бојан Христовски, директор на АНБ, ДКСК излезе со став дека нема основа за постапување против директорот, Христовски.

Освен лаги и измами, СДС не знае што друго да понуди на народот. Затоа се партија на дното, на анкетите и имаат рејтинг еквивалентен на статистичка грешка. ВМРО-ДПМНЕ има пет пати повисок рејтинг од нив, а Мицкоски има седум пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Филипче.

Времето на криминалниот тандем СДС и ДУИ, која работеше на штета на граѓаните е минато. Матните тендери, игрите на среќа, скандалите во РЕК Битола и многу други се веќе под лупа на правниот систем. 

Македонија се трансформира!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

26.12.2024 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега