ВМРО-ДПМНЕ: Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС


Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.

Во предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на кој како што известија медиумите е поднесена пријавата и отпочната постапката се присутни сомневања дека спортските федерации, клубовите и спортистите добиваа ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Сега е повеќе од јасно зошти Каевски беше најжесток гласноговорник на СДС, повеќе од очигледно е дека интересот му бил голем.

По оваа афера станува јасно зошто спортот во Македонија во последните 7 години е на историско најниско ниво.  Наместо за развој на спортот, парите наменети за истиот се пренасочувани во криминални шеми.

Време е да го вратиме спортот во рацете на спортистите. Време Македонија повторнo да биде твоја“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

01.05.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега