ВМРО-ДПМНЕ: Доктори колабираат од замор, десетици животи згаснуваат во борба со корона вирусот, а Филипче се смее по спотови на Заев

Тоталната незаинтересираност на Заев и Филипче за здравјето на граѓаните, резултира со тотално фијаско на здравствениот систем во  борба со корона вирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Европа ни ги затвара границите препознавајќи ја неспособноста на Заев и Филипче.

-Не сакаат да ги загрозат здравјето и безбедноста на нивните граѓани заради тоа што Заев и Филипче ја запоставија корона кризата и се фрлија на коруптивни афери. Вчера имаше 126 нови случаи на заразени од корона, и 4 починати. Заев и Филипче од Македонија направија црна точка во Европа. Заради Заев и Филипче имавме втор пик во јуни. Затоа што наместо да си ја работат работата, Заев договарал и местел тендери, земал поткуп и менаџирал рекет. Здравјето на граѓаните било во втор план, затоа што во прв план било земањето на 300.000 евра од Дака, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека Заев и вчера не кажал за што ги потрошил тие 300.000 евра кои ги земал од Дака.

-Додека граѓаните ги чувствуваат последиците од коронакризата, Заев и неговите функционери бројат милиони од поткуп. Заев уште молчи, а ЈО не презема ништо за тврдењето на Боки 13, дека парите кои тој ги рекетирал завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Македонија се наоѓа во оваа состојба на безизлез и апатија, затоа што наместо да се работи, Заев и СДСМ три години мислеа само на криминал, корупција и рекет. Македонија тоне, а тие штанцаат лиценци за марихуана, местат тендери за РЕК Битола, рекетираат фирми. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ, испратен изутринава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега