ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај Млечен

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје.

-ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт. Со автомобил џип преку две полни линии се уби човек и неродено бебе и за тоа доби само условна казна. Тоа е еклатантен пример за неправда на судството на Заев за кој препознатлив бренд се Луј Витон чантите и рекетот. Тоа е сликата за судството на Заев. Истото тоа судство амнестира криминал на мафијата на Заев и создава неправди. Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана? Што треба да се случи власта да престане да ги штити судиите кои не испорачуваат казни и да диригира пресуди?, прашуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега