ДУИ и ВЛЕН во мртва трка во Изборната единица 6

Владејачката ДУИ, односно коалицијата „Европски фронт“ која ја предводи, има освоено 31 377 гласови во Изборната единица 6, по пребројани 56,95% од избирачите. Веднаш зад нив, со освоени 28 451 гласа, е коалицијата „Влен“. Тоа значи дека разликата, по пребројани грубо половина од гласовите, изнесува само 3 000 гласа.

Во „македонскиот блок“, пак, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна разлика пред СДСМ. Опозициската партија до сега има 2 918 гласа, додека ВМРО-ДПМНЕ има 8 091 гласа. Со вакви бројки, прашање е дали СДСМ ќе се избори за пратеник од оваа изборна единица.

ЗНАМ и Левица, во оваа изборна единица, имаат по околу 500 гласа.

 

pastedGraphic.png

pastedGraphic.png

 

08.05.2024 - 21:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега